ГРУЕВСКИ: НЕМАМ НАМЕРА НИТУ ДА БЕГАМ НИТУ ДА ЈА НАПУШТАМ ДРЖАВАТА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ: НЕМАМ НАМЕРА НИТУ ДА БЕГАМ НИТУ ДА ЈА НАПУШТАМ ДРЖАВАТА

    Поранешиот премиер и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, по едночасовниот распит во Кривичниот суд изјави дека не се чувствува виновен по обвинувањата за случајот ТНТ.

    “Она што го прават од Специјалното јавно обвинителство е нешто од што ќе се срамат во наредниот период. Немам намера ниту да бегам ниту да ја напуштам државата. Ќе одговарам на секоја покана од судот”, изјави Груевски по распитот за случајот ТНТ, во кој обвинителството побара да му се изречат мерки за претпазливост.

    Тој го обвини Специјалното јавно обвинителство дека постапува по нарачки.

    „СЈО прави чекори кои што се нарачани од човекот кој е свесен за својот рејтинг и се обидува преку вакви апсурдни постапки да прикаже дека сме исти или слични како него. Сега се обидува на начин кој што постојано ќе бидам повикуван заради апсурдни причини на судот, за да се правдам иако немам ниакаква вина, за народот да ја смени перцепцијата и да почне да верува дека можебии  ние сме слични на човекот кој што даваше изјави дека не го признава судот во Република Македонија“, рече Груевски.

    Груевски е осомничен во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство, за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во судот пристигна со своите адвокати и со портпаролот на Владата, Александар Георгиев.

    Специјалното јавно обвинителство вчера соопшти дека од судот бара да им бидат одредени мерки на претпазливост на Груевски, на поранешниот министер за транспрот и врски, Миле Јанакиески, и на актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

    По Груевски, на распит влезе градоначалникот Трајковски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира