Дел од најголеми те фудбалски ѕвезди како Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ и Вејн Руни во наредните месец дена ќе престојуваат во Франција во обид да го освојат трофејот на Европското првенство.
24 репрезентации ќе се натпреваруваат на турнирот и играчите ќе треба да бидат во врвна форма и затоа не смее да им недостасува ништо, кога нема да бидат на теренот. Фудбалските милионери ќе се одмораат од натпреварите во некои од најлуксузните хотели во Франција, а на најмногу 20 минути од хотелите мора да има и најсовремени тренинг капацитети.
Ваквото сместување нема да ги чини евтино националните федерации, но тоа нема да биде проблем со оглед на богатите награди од УЕФА за учество на Европското првенство.
Англичаните го избраа најскапиот хотел, а најекономични се Швајцарците. Тимот на Рој Хоџсон е сместен во Шатији во хотелот „Оберж ду жу Пом“, во кој едно ноќевање чини 650 евра. Швајцарските репрезентативци, пак, престојуваат во хотелот „Виши Спа“ во Монпелје за 110 евра за една вечер.