НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ВИНОВНА, КАЖА ЈАНКУЛОСКА НА СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ОТКАКО НЕ ДОЈДЕ НА ПРЕСУДАТА ЗА МЕРЦЕДЕСОТ

    НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМ ВИНОВНА, КАЖА ЈАНКУЛОСКА НА СУДЕЊЕТО ЗА МАСОВНОТО ПРИСЛУШУВАЊЕ ОТКАКО НЕ ДОЈДЕ НА ПРЕСУДАТА ЗА МЕРЦЕДЕСОТПоранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска не присуствуваше на изрекувањето пресуда во предметот „Тенк“, но дојде на судењето за „Тврдина-Таргет“. - Јанкулоска пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: СДК.МК)

    Не дојде на изрекувањето на пресудата од шест години затвор во предметот „Тенк“, но Гордана Јанкулоска денеска присуствува на судењето за масовното незаконско прислушување во случајот на СЈО „Тврдина – Таргет“, каде исто така е обвинета за злоупотреба на службената положба и овластувањата, заедно со Сашо Мијалков. Tаа се товари во делот од обвинението за уништување на прислушната опрема.

    „Не се чувствувам виновна, зашто во ниеден момент не сум направила нешто што е спротивно на законот или на овластувањата што сум ги имала како министер за внатрешни работи“, рече таа.

    Виновен не се чувствува ни ексдиректорот на УБК Мијалков, обвинет за злоупотреба на службената положба и за примање награда за незаконито влијание. Во бегство се обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошкоски, но ќе им се суди во отсуство, заедно со Мијалков, Јанкулоска, со Тони Јакимовски (ексшеф на кабинетот на Мијалков), Владимир Варелов од УБК и уште петмина од Управата.

    Една обвинета веќе призна вина, доби условна казна и не е веќе во постапката. Ова судење почнува по вторпат, со оглед на тоа што се спојуваат Јанкулоска, Грујовски и Бошковски, но и поради смена на член на советот, зашто нов судија е Владимир Туфегџиќ. Претседател е судијката Џенета Бегтовиќ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира