АЈН, ЦВАЈ, ПОЛИЦАЈ, ИМ ПЕЕШЕ ОБВИНЕТИОТ ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ НА ПОЛИЦАЈКИТЕ ПРЕД СУДОТ НА ПАУЗА ОД СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛ

    АЈН, ЦВАЈ, ПОЛИЦАЈ, ИМ ПЕЕШЕ ОБВИНЕТИОТ ВЛАДО ЈОВАНОВСКИ НА ПОЛИЦАЈКИТЕ ПРЕД СУДОТ НА ПАУЗА ОД СУДЕЊЕТО ЗА 27 АПРИЛОбвинетите Владо Јовановски и Богдан Илиевски на пауза од судењето за 27 април пред Основниот суд Скопје 1 (Фото: К. Попов)

    На пауза од судењето за организираниот напад на Собранието, по сведочењето на Никола Војминовски, осуден за обид за убиство на Зијадин Села, актерот Владо Јовановски, кој е еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, поминувајќи покрај полицајки кои го обезбедуваат судот, почна да им пее: „Ајн, цвај, полицај“, по што на другите обвинети, кои одеа паралелно со него на кафе, им рече: „Жими сведокот, како лилјак од пештерата на Матка“.

    Обвинетиот шеф на личното обезбедување на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, Горан Ѓошевски, на друг обвинет, со кој заедно одеа на пауза, му рече: „А бе види, којзнае сега како ќе ја свртат работата“.

    Војминовски, во сведочењето кажа дека кога влегол во Собранието, насоки добил од пратениците Љубен Аранудов и Сашо Василески и дека видел во толпата членови на обезбедувањето на Никола Груевски, лица со фантомки со значки од УБК и службени лица со радиоврски, но и дека поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов и Љубен Арнаудов разговарале дека очекуваат претседателот Ѓорге Иванов да прогласи вонредна состојба.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира