ПОСЕТА НА МУЗЕЈ ЌЕ СЕ ПРЕПИШУВА НА ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ – НОВ МЕТОД ЗА ЛЕЧЕЊЕ ВО КАНАДА

    ПОСЕТА НА МУЗЕЈ ЌЕ СЕ ПРЕПИШУВА НА ЛЕКАРСКИ РЕЦЕПТ – НОВ МЕТОД ЗА ЛЕЧЕЊЕ ВО КАНАДАТерапијата со уметност го зголемува нивото на кортизол и нивото на серотонин, и затоа наскоро лекарите ќе може да ги праќаат своите пациенти во Музејот на ликовната уметност во Монтреал (Фото: Монтреал газет)

    Уметноста лечи, е филозофијата зад новата иницијатива на Музејот на ликовната уметност во Монтреал, која наскоро ќе им дозволи на лекарите да издаваат рецепти со препорака за посета на музеј. Сѐ повеќе има научни докази дека терапијата со уметност е добра за психичкото здравје, вели д-р Хелене Бојер, потпретседател на Франкофонска медицина на Канада.

    „Го зголемува нивото на кортизол и нивото на серотонин. Кога сме во музеј, телото лачи хормони и тие се одговорни за нашата добра состојба. Постои мислење дека ова е добро само за луѓето со проблеми на менталното здравје, т. е. за депресивните и за оние кои има психички проблеми. Но, тоа не е точно. Терапијата со уметност е добра за луѓето со дијабетес, со хронични заболувања и за луѓето со рак. Уште од 1980-тите години ние им препишуваме вежби на нашите пациенти, затоа што знаеме дека вежбањето го зголемува лачењето на истите хормони. Но, кога имам пациент постар од 80 години, нормално дека не можам да му препорачам да вежба“, вели Бојер.

    Музејот најави дека од 1 ноември, лекарите кои се членови на Франкофонската медицина на Канада ќе може да ги праќаат своите пациенти во Музејот, во придружба на медицински лица или членови на семејствата. Музејот вели дека пилот-проектот од една година е прва ваква иницијатива во светски рамки.

    Секој доктор ќе може да издаде по 50 музејски рецепти во текот на една година, а еден рецепт важи за двајца возрасни и за двајца млади над 17 години.

    „Во 21 век, културата ќе биде она што беше физичката актовност за здравјето во 20. век“, изјави директорката на Музејот Натали Бондил.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира