Најголемиот спортски настан летово, Европското првенство во фудбал, почна вечерва со шарени и впечатливи костуми, музика и танцување.
Како предигра на фудбалскиот натпревар помеѓу домаќинот Франција и Романија на „Стад де Франс“ во Париз, УЕФА организираше свечена церемонија, предводена од француската суперѕвезда Давид Гета. Францускиот музичар ја изведе химната на Европското првенство „Ова е за тебе“ (This One’s For You), заедно со шведската кантаавторка Зара Ларсон, додека 600 танчери со својата кореографија придонесоа за спектаклот.
На Европското првенство, кое се одржува во 10 града во Франција, за првпат учествуваат 24 репрезентации, кои во наредните месец дена ќе се борат за пласман во финалето на 10 јули.