ЕКВАДОР МУ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ НА ЏУЛИЈАН АСАНЖ ПОЧЕСТО ДА СЕ БАЊА И ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА МАЧКА

    ЕКВАДОР МУ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ НА ЏУЛИЈАН АСАНЖ ПОЧЕСТО ДА СЕ БАЊА И ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЈАТА МАЧКАЏулијан Асанж живее во еквадорската амбасада во Лондон од 2012 година (Фото: Гети)

    Коосновачот на Викиликс, Џулијан Асанж, добил низа напишани правила од еквадорската амбасада во Лондон, кои вклучуваат почесто да си ја чисти бањата и да води поголема грижа за својата мачка.

    На еден од најпознатите светски свиркачи му бил испратен меморандум, во кој бил предупреден дека може да му го одземат домашното милениче, но и да одржува подобра хигиена.

    Еквадор објави дека делумно ќе му ја врати интернет врската. На Асанж, кој доби засолниште во амбасадата во 2012 година откако побара азил со цел да избегне екстрадиција во Шведска, му беше исклучен интернетот во март „поради мешање во внатрешните работи на други држави“.

    Мачката е постојан жител на амбасадата и новинарите често можат да ја видат на еден од прозорците. Таа, исто така, има свој профил на Твитер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира