ФРАНЦИЈА СЕ ПЛАШЕШЕ ОД ТЕРОРИСТИ, МЕСТО ТОА ДОБИ СТАРОМОДНИ ХУЛИГАНИ

    ФРАНЦИЈА СЕ ПЛАШЕШЕ ОД ТЕРОРИСТИ, МЕСТО ТОА ДОБИ СТАРОМОДНИ ХУЛИГАНИ

    Првите два дена од Европското првенство во Франција беа одбележани со тепачки помеѓу навивачите, солзавец, скршени шишиња и столици, а полицијата во Марсеј употреби и водени топови.

    Франција се подготвуваше за исламски терористи, но најголеми проблеми и создадоа фудбалските хулигани, како доказ дека старите навики тешко умираат. Најжестоко беше во Марсеј, кадешто се судрија англиските и руските навивачи и тоа пред, за времe, на и по натпреварот на двете репрезентации на „Велодром“, којшто заврши без победник 1:1.

    incidenti-marsej

    Англиски навивачи носат повреден другар за време на судирите со руските навивачи во Марсеј

    Тепачките почнаа уште ноќта во четвртокот, кога 250 англиски навивачи се судрија со локални хулигани од Марсеј. 24 часа подоцна, на истото место, полицијата ги разделуваше англиските и руските навивачи. Насилство изби на самиот натпревар од групата Б, откако во финишот од натпреварот руските навивачи влегоа во секција од стадионот со англиски навивачи, по што настана стампедо кон излезите.
    Инциденти ноќеска имаше и во Ница, кадешто навивачите на Полска и Северна Ирска беа нападнати од локални хулигани, но таму полицијата брзо воспостави ред.
    Денешниот натпревар Турција-Хрватска (15 часот), исто така, се смета за меч од висок ризик, а играат уште Полска-Северна Ирска (18 часот) и Германија-Украина (21 часот).

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира