ДОМАЌИНСКА КУЌА

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:92:"МинистеротФилипчеќегосмениБранкоЦрвенковски

    1. Готово е со октоподот. Јавноста на Македонија може да здивне. На општо задоволство добивме соопштение со кое конечно се откри каде била главата на октоподот со којшто се бори премиерот Бранко Црвенковски. Ја открија Ана Тодорова, ќерка на министерката Софија Тодорова, со дваесетина илјади марки штеден влог  во ТАТ, со регуларни камати на битолската мама Соња. Со Ана може да се стави крај на операцијата на комесарот Катани. Пред две недели мислевме дека главата на октоподот била во тригодишната Теа на бившиот министер Антони Пешев. Арно ама, продлабочената истрага откри поголемо дете.
    Бранко се занесуваше дека во битката против мафијата ќе открие големи ѕверки. Излезе дека кај нас организираниот криминал ти бил – детска работа.

    2. Кога владата на Црвенковски доби доверба во Собранието за некои министри тоа значеше дека сега имаат целосна слобода да прават што сакаат. Во тоа се надмина себеси министерот за здравство Илија Филипче. Поткрепен со поддршката од пратениците, професорот Филипче во борбата на Владата со мафијата реши да си ги зацврсти позициите на својата фамилија. Па откако кумот го сменија од функцијата финансиски директор на Клиничкиот центар, министерот направи смени на сите што и пречат на фамилијата.
    За да биде одмаздата уште посилна, министерот најавува и кривични пријави против новинарите. Зошто? Затоа што поткупените и изманипулирани новинари веќе подолго време се обидуваат да пронајдат одговор на прашањето,во чии џебови одат парите од платите на граѓаните што државата им ги собира како придонес за здравството. И затоа што во поткупените и изманипулирани медиуми ја цртаат шемата на фамилијата.
    Ова е правна држава и тука можеш да заработиш кривична пријава ако кажеш дека брат му на министерот е директор на Клиниката за гинекологија. А сестра му е директорка на Институтот за биохемија. А зет му, директор на Клиниката за нефрологија. Снаата од брат му, пак, е малку запоставена – таа е раководител на Лабораторијата на Хируршките клиники. Баџанакот е директор на инвестиции. Кумот, повторно финансиски директор на Клиничкиот центар во Скопје. Истовремено, братчето е и претседател на Комисијата за регистрација на лекови во Министерството. Член на таа комисија е и директорот на Институтите на Медицинскиот факултет, чијашто сопруга, пак, е сопственик на веледрогеријата “Елбиор”, преку која оди набавката на дел од тие лекови. Истата веледрогерија снабдува неколку клинички центри во државата, чиишто директори си ги испратиле своите деца на испит по фармакологија во Скопје кај професорот, кој случајно е сопруг на сопственичката на веледрогеријата. Инаку,сите деца им се или завршени медицинари, или студенти по медицина и фармација, или средношколци во медицинското училиште и си полагаат испити кај своите тетки и чичковци. Што се однесува до братучедите и нивните снаи, јатрви, баџанаци, девери и нивни кумови, новинарите не можат да ги објават, за да не се збуни читачката публика од слични презимиња.
    Како што може да се замисли, станува збор за ептен домаќински фамилии. Се си останува дома. Нема трошење настрана. Велат дека министерот Филипче толку се залетал со својата моќ, што сега наумил да ги смени и пациентите што не му се допаѓаат. Бидејќи, очигледно се работи за најсилна фамилија во Македонија. А ние попусто се надеваме дека Бранко Црвенковски ќе го смени Филипче. Како што стојат работите, пореално е Филипче да го смени Бранко.

    3. Дури и временските услови не му се погодија на премиерот, да му помогнат во борбата со организираниот криминал. Наместо да паѓаат министри, во Македонија паѓаше снег.

    4. Велат дека со тоа што сме дозволиле пред некој ден среде Скопје, на еден безначаен меѓународен состанок да не прекрстат во “Земја – домаќин”, конечно сме ја изгубиле битката за името и на домашен терен. Штогоде! Нам совршено ни одговара името “Земја – домаќин”. Затоа што сме луѓе – домаќини. Штедиме. Зарем ТАТ е мал доказ за тоа!?

    5. Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис со своето легендарно дело “Зорбас”, вечерва гостува во Скопје. За овој настан Македонскиот народен театар ги направи сите потребни подготовки. Имено, познато е дека Грците кога слушаат сиртаки фрлаат чинии по подиумот каде што се танчарите. Кај нас, за да биде спектаклот уште поголем, направена е проба со друг ефект. Наместо чинии, на сцената требало да паѓаат метални прачки.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира