МЕРКЕЛ НЕМА ПОВТОРНО ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦДУ

    МЕРКЕЛ НЕМА ПОВТОРНО ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЦДУАнгела Меркел најави заминување откако ЦДУ забележа уште еден тежок пораз на регионалните избори (Фото: Ројтерс)

    Германската канцеларка Ангела Меркел најавила дека нема повторно да се кандидира за претседател на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на внатрепартиските избори во декември, велат извори од партијата.

    Ова доаѓа откако нејзината партија доживеа тешки порази на последните регионални избори, што се закани да ја разниша владејачката коалиција.

    Меркел е на чело на ЦДУ од 2000 година, што ја прави најдолговечниот претседател во историјата на партијата. Како канцелар ја води Германија од 2005 година и кажа дека планира да остане на оваа функција.

    Владејачката коалиција претрпи нов тежок удар викендов, откако ЦДУ оствари најслаби резултати на изборите во Хесе во последните 50-ина години, освојувајќи само 27% од гласовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира