Холивудски ѕвезди како Џејн Фонда, Ејми Шумер и Џулија Луис-Дрејфус ќе земат учество во онлајн телетон в понеделник, кој ќе има за цел да ги охрабрува младите да излезат да гласаат на изборите за Конгресот, што ќе се одржат во вторник.
Двочасовниот „Телетон за Америка“, создаден од комичарот Бил Глиб, ќе се емитува во живо на Јутјуб, Фејсбук лајв и на сајтот на Комеди сентрал, соопштија организаторите.
За разлика од традиционалните телетони, овој нема да бара донации, туку гледачите ќе бидат повикувани да се јават на еден од телефоните за да ветат дека ќе гласаат наредниот ден.
Повеќе од 50 актери, комичари и Јутјуб ѕвезди ќе бидат на телефоните и шоуто ќе вклучи и настапи во живо, комедија, музика и снимени материјали со совети како се гласа.
Голем број холивудски ѕвезди во последно време ги повикаа своите фанови да гласаат за демократските кандидати на претстојните избори, со цел да се спротивстават на агендата на администрацијата на Трамп.