АВТОБУС ПАДНА ВО РЕКА ВО КИНА ОТКАКО ПАТНИЧКА СЕ СТЕПАЛА СО ВОЗАЧОТ ОТИ Ѝ ЈА УТНАЛ СТАНИЦАТА, 15 МРТВИ

    АВТОБУС ПАДНА ВО РЕКА ВО КИНА ОТКАКО ПАТНИЧКА СЕ СТЕПАЛА СО ВОЗАЧОТ ОТИ Ѝ ЈА УТНАЛ СТАНИЦАТА, 15 МРТВИПолицијата објави снимки од камерата од автобусот, која прикажува патничка како му вика на шоферот и го удира со мобилен телефон (Фото: АП)

    Тепачка помеѓу патничка и возачот е причината за падот на автобусот во река во југозападна Кина изминатиот викенд, кога загинаа 15 луѓе, објавија властите по спроведената истрага. Таа го нападнала возачот, откако тој ја утнал нејзината станица.

    Полицијата објави снимки од камерата во автобусот, која прикажува патничка како му вика на шоферот и го удира со мобилен телефон, при што тој замавнува со десната рака за да се одбрани. Додека таа продолжува да го напаѓа, возачот во еден момент ја губи контролата врз автобусот, преминува во другата лента и удира во автомобил, по што ја пробива оградата на мостот и паѓа во реката Јангце, најдолгата во Кина.

    Несреќата се случи во неделата во градот Чонгквинг и автобусот по неколкудневна драматична потрага и спасувачка акција беше извлечен од реката дури во средата. Во акцијата учествувале спасувачки тим со 70 чамци, три крана и 18-мина нуркачи, кои успеале да пронајдат 13 тела. Две лица уште се водат како исчезнати.

    Сите прозорци на малиот автобус биле скршени и тој завршил на длабочина од 71 метар. Полицијата соопшти дека и патничката и возачот го прекршиле законот за безбедност во сообраќајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира