ГРУЕВСКИ НЕ ДОБИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД СУДИЈАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ, МУ ОСТАНА ЖАЛБА ДО КРИВИЧНИОТ СОВЕТ НА СУДОТ

    ГРУЕВСКИ НЕ ДОБИ ОДЛОЖУВАЊЕ НА ЗАТВОРСКАТА КАЗНА ОД СУДИЈАТА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ САНКЦИИ, МУ ОСТАНА ЖАЛБА ДО КРИВИЧНИОТ СОВЕТ НА СУДОТОсудениот во „Тенк“ Никола Груевски пристигнува во Основниот суд Скопје 1 за рочиште за насилствата и шамарите во Општина Центар на 29 октомври (Фото: К. Попов)

    Судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 ја одби молбата на Никола Груевски за одложување на затворската казна, соопшти Основниот суд Скопје 1.

    Поранешниот премиер Груевски е правосилно осуден на двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“ и според упатниот акт на судот треба да се пријави во затворот во Шутка најдоцна до 8 ноември.

    Одлуката на судијата за извршување санкции е испратено до Груевски, кој има право на жалба во рок од три дена до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира