ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР ЌЕ СТАНЕ ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА КУМАНОВО ПОРАДИ ОБНОВА НА КАНАЛИЗАЦИЈАТА

    ЕВРОАМБАСАДОРОТ ЖБОГАР ЌЕ СТАНЕ ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН НА КУМАНОВО ПОРАДИ ОБНОВА НА КАНАЛИЗАЦИЈАТАЕвроамбасадорот Самуел Жбогар на промоцијата на 5 октомври 2016 година на проектот „Рехабилитација и проширување на канализациска мрежа во Општина Куманово”, кој чинеше 4,23 милиони евра. Средствата беа обезбедени од ИПА програмата на ЕУ. (Фото: СДК.МК)

    Општина Куманово покрена иницијатива евроамбасадорот Самуил Жбогар да стане почесен граѓанин. Признанието ќе му биде доделена на Денот на ослободување на Куманово – 11 Ноември.

    „ Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија едногласно го прифати предлогот на градоначалникот Максим Димитриевски, амбасадорот на Европската Унија во Македонија Самуил Жбогар да биде прогласен за почесен граѓанин на Куманово. Тој предлог е веќе даден на Советот на Општина Куманово, за кој ќе се одлучува утре на седница“, изјави сашо Милковски претседател на комисијата.

    Во иницијативата за прогласување на почесен граѓани стои дека амбасадорот Жбогар се покажа како вистински пријател на граѓаните на Општина Куманово, бидејќи со средства од ЕУ, а со негова поддршка, се изврши рехабилитација и изградба на канализационата мрежа во Куманово.

    „Својот придонес несомнено го даде и во подобрување на условите во образованието, преку реконструкција и адаптација на училиштата овозможувајќи квалитетен образовен процес, поддржувајќи ја перспективата на младите. Лично сметам дека ангажманот кој господинот Жбогар го направи за градот Куманово се доволна причина за го предложиме за почесен граѓанин со цел и надеж дека оваа соработка ќе продолжи во иднина и со уште поголем интензитет“, стои во образложението на иницијативата од градоначалникот.

    Почесни граѓани на Куманово се поранешниот американски амбасадор Лоренс Батлер, кој имаше голема улога во зачувување на мирот во време на конфликтот од 2001 година во регионот, како и специјалната претставничка на УНДП и амбасадорка на ОН Луиза Винтон.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира