„Донираме, градиме стил, поддржуваме, ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје“, вели Ѓорги Нанов член на движењето Мовембер од Велес.
Со свечено забричување во пивница ,,Паб“ во Велес почна уше едно ноемвриско дружење Мовембар, годинава по шести пат. Група млади ентузијасти од градот така ја почнаа кампањата за подигање на свеста за машкото здравје, со носење на мустаќи.
И овој ноември тие преку различни форми на активности ќе се дружат, забавуваат и пред се ќе се борат со предрасудите за рано откривање на рак на тестиси и рак на простата.
„Со оваа наша акција, со купување маичка мовембер, донираме, градиме стил, поддржуваме, ја менуваме сликата и ги тргаме предрасудите за машкото здравје. Mовембер има за цел да се зголеми раното откривање на ракот, негова дијагноза и ефикасни третмани со што на крајот ќе се намали бројот на случаи , да се спречат тие да завршат смртно. Покрај одењето на годишен преглед, ги поттикнуваме мажите да бидат свесни за поздрав начин на живот“, вели Ѓорги Нанов, член на движењето Мовембер од Велес.
Од понеделникот во пивница „Паб“ се наоѓа каса за собирање на донации, а средствата ќе бидат доделени на сограѓанин кому им требаат. Се продаваат и маичк, како и правилата кој мустаќ како може да се пушти, формира. На крајот од месецот на завршната забава ќе се оддржи вообичаениот симпозиум на кој ќе биде избран најмустаќ и мустаќ во обид.
Годишното мото е: Мовембер почна, негујте ги мустаќите. Погалете ги ташаците, донирајте. За курово здравје се работи!
П. ПЕЧКОВ