НАЈМЛАДАТА КОНГРЕСМЕНКА НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ СТАН ВО ВАШИНГТОН ПРЕД ДА ПОЧНЕ СО НОВАТА РАБОТА

    НАЈМЛАДАТА КОНГРЕСМЕНКА НЕ МОЖЕ ДА СИ ДОЗВОЛИ СТАН ВО ВАШИНГТОН ПРЕД ДА ПОЧНЕ СО НОВАТА РАБОТААлександрија Окасио-Кортес со 29 години влегува во Конгресот и се смета за ѕвезда во подем на Демократската партија

    Александрија Окасио-Кортес во вторникот испиша историја кога стана најмладата жена која била избрана во американскиот Конгрес, но таа вели дека не може да си дозволи да изнајми стан во Вашингтон сè додека не почне со новата работа во јануари.

    „Ќе бидам три месеци без плата пред да станам членка на Конгресот. Па, како да си овозможам стан? Со оваа логистика се занимаваме секој ден, но ќе средиме некако“, изјави 29-годишната Кортес за „Њујорк тајмс“.

    Таа ја шокираше земјата, кога на јануарските предизбори во Њујорк го победи Џо Кроули, конгресмен со десет мандати зад себе и втор најмоќен демократ во Претставничкиот дом, зад Ненси Пелоси. Пред да влезе во политиката, Окасио-Кортес, која себеси се смета за демократски социјалист, работела како келнерка.

    „Нашиот избирачки систем не е дизајниран, ниту подготвен да го водат луѓе од работничката класа“, напиша таа на Твитер.

    Окасио-Кортес се смета за ѕвезда во подем на Демократската партија, делумно и поради нејзините левичарски идеи, кои се поблиску до нејзината миленијалска генерација, отколку до идните колеги во Конгресот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира