Спред интернет енцикопедијата Википедиа, Елизабета Канческа-Милевска е министер за кич. Такво објаснување е дедено заедно со нејзините биографски податоци.
„Во 1989 завршува средно образование во гимназијата „Јосип Броз Тито“ – Скопје, а во 1993 дипломира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, група Социологија. Магистрира на постдипломските „Европски студии за интеграција и комуникации“ на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, на тема „Општествената заштита на културното наследство во контекст на културната политика на РМ и процесот на интегрирање во ЕУ“ и се здобива со звањето магистер по „Европски студии за интеграција и комуникации“. За време на нејзиниот ангажман како министер за култура на Македонија се воздигнува кичот во македонската уметност. Во Македонија одржуваат големи концерти ѕвездите на балканската турбо-фолк естрада, а на сметка на тоа пропаѓаат рок фестивали со долга традиција, како и Прилепската ликовна колонија која е најстара во Југоисточна Европа, а УНЕСКО почна со преиспитување на заштитата на Охрид“, стои на Википедиа.
Преку Министерството за култура, откако е министерска Канческа-Милевска, се реализираше целиот проект „Скопје 2014“ кој е предмет на истрага на Специјалното јавно обвинителство.