ЕУРОЛИНК ДОДЕЛИ 30 СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

    ЕУРОЛИНК ДОДЕЛИ 30 СТИПЕНДИИ ЗА НАЈДОБРИТЕ СТУДЕНТИ ОД ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТСтипендијата на Еуролинк осигурување, која се доделува петта година по ред, е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовни студенти од првиот и вториот циклус на студиите. - Стипендистите за учебната 2018/19 година (Фото: Еуролинк)

    Еуролинк осигурување додели стипендии за најдобрите 30 студенти од Правниот факултет „Јустинијан први“ за учебната 2018/19 година во вкупна вредност од 1.600.000 денари, соопшти осигурителната компанија.

    Стипендијата на Еуролинк осигурување, која се доделува петта година по ред, е наменета за покривање на трошоците за кофинансирање на редовни студенти од првиот и вториот циклус на студиите. Стипендијата за студентите од првиот циклус е во висина од 40.000 денари, додека стипендијата за постдипломските студии е со висина од 60.000 денари.

    Во изминатите пет години, Еуролинк осигурување додели 130 стипендии на студентите од Правниот факултет, со вкупна вредност од 5.700.000 денари.

    Претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување Олга Костовска лично им ги врачи стипендиите на најдобрите студенти за 2018 година. (Фото: Еуролинк)

    „На сите стипендисти им честитам од срце, и се надевам дека ви го олеснивме патот кон иднината, покажувајќи ви ги вистинските вредности. Не заборавајте на вашата одговорност кон семејството, кон нашата татковина, кон своите сограѓани, започнете активен општествен живот, прифаќајќи ги предизвиците, бидете горди на благородноста и на хуманоста што ја носите во себе, и потрудете се секогаш да најдете начин да им помагате на оние што се помалку привилегирани од вас. Да не дозволиме вашиот и нашиот свет да ги заборават основните човечки вредности, a користејќи го сопствениот интелект градете достоен живот за себе и за луѓето околу вас“, кажа претседателот на Надзорен одбор на Еуролинк осигурување Олга Костовска, која синоќа лично им ги врачи стипендиите на најдобрите студенти за 2018 година.

    Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа, „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“, преку која се промовираат трајните образовни, културни и општествени вредности.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира