Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денес поднела информација за загадувањето до Собранието и побарала Комисијата за транспорт, врски и екологија да одржи јавна расправа за мерки што треба да се преземат за намалување на аерозагадувањето.
Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека аерозагадувањето руши рекорди и дека сегашната власт додека била опозиција ветувала многу мерки за намалување на загадувањето, но дека ништо не е преземено и дека ги исклучуваат мерните станици за да не се гледа колку е загадено.
„Затоа бараме јавна расправа во Собранието на која ќе учествуваат и невладините организации“, рече Мицевски на прес-конференција во Собранието.
Тој кажа дека Законот за амнестија, предложен од неговата пратеничка група, е на дневен ред на наредната седница и дека не учествуваат во телото за помирување, кое повеќе личи на тело за порамнување.
„Бараме целосно ослободување од затвор и од обвиненијата за сите вклучени во настаните од 27 април. Преспанскиот договор не го прифаќаме“, рече Мицевски.
Е. БОЧВАРОСКА