Ким Кардашијан на Инстаграм се пофали со новиот приватен авион на нејзиниот сопруг Канје Вест, што го опишува како „лебдечка канцеларија на Јизи“.
„Ништо страшно, само новиот приватен авион на Канје. Приватен ‘747’! Досега не сум слушнала за такво нешто“, напиша Кардашијан на Инстаграм.
Двокатниот „боинг 747“ може да прими 660 патници на комерцијален лет, но Канје посака да има цел авион само за себе и тој вклучува луксузно опремена спална соба, мермерна бања, област за релаксација, гостински соби, просторија за јадење и пространи седишта. За да можат да вежбаат додека летаат, со авионот патува и личниот тренер на двојката, Мелиса Алкантара.
Според Кардашијан, раперот го добил авионот од неговиот „Адидас“ тим, со кој соработува на брендот патики „Јизи“.
Американските медиуми забележаа дека и авионот на американскиот претседател е исто така „боинг 747“.