ТИЛЕРСОН Е ГЛУП КАКО КАМЕН, КАЖА ТРАМП ЗА БИВШИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ОТКАКО ТОЈ РЕЧЕ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГО КРШИ ЗАКОНОТ

    ТИЛЕРСОН Е ГЛУП КАКО КАМЕН, КАЖА ТРАМП ЗА БИВШИОТ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР ОТКАКО ТОЈ РЕЧЕ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГО КРШИ ЗАКОНОТТрамп го отпушти Тилерсон во март и сега кажа дека жали што порано не го направил тоа (Фото: Гети)

    Доналд Трамп со жестоки навреди му возврати на поранешниот државен секретар Рек Тилерсон, еден ден откако тој кажа дека го предупредувал претседателот на САД дека прави работи кои го кршат законот.

    Трамп се огласи на Твитер и, меѓу другото, го опиша Тилерсон „глуп како камен“.

    „Мајк Помпео одлично си ја врши работата, многу сум горд на него. Неговиот претходник Рекс Тилерсон го немаше потребниот ментален капацитет. Тој беше глуп како камен и требаше порано да се ослободам од него. Тој беше ужасно мрзлив. Ова сега е една сосема нова игра“, напиша Трамп.

    Тој го отпушти Тилерсон во март поради различните ставови околу политиката кон Северна Кореја, Русија и Иран. Тилерсон, исто така, во една прилика го нарекол Трамп „морон“.

    Во последното интервју за Ен-Би-Си, Тилерсон кажа дека Трамп е доста недисциплиниран.

    „Тој не сака да чита, не ги чита извештаите од брифинзи и не сака да влегува во детали за многу работи. Нашите односи се расипаа откако му кажав дека не смее да прави некои работи зашто се незаконски. Тоа многу го фрустрираше“, изјави Тилерсон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира