Марина Костова, заменик-главна уредничка на дигиталната редакција САКАМДАКАЖАМ.МК, и Емин Аземи од Коха се годинашни добитници на наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“, највисокото државно признание за остварувања во областа на публицистиката и новинарството.
Костова ја доби наградата за публицистика, за повеќегодишниот комплексен, меѓународен и мултидисциплинарен публицистички проект „Монографија Манчевски“ за творештвото на режисерот и уметник Милчо Манчевски. „Монографијата Манчевски“ е артефакт од Македонија и за земјата е од исклучително културно значење што оваа книга се најде во колекциите на над 120 најпознатите кинотеки, библиотеки и научни институции во светот. Со вклучувањето во нивните колекции, книгата е заведена во нивните регистри и каталози, и аналогни и дигитални, и со тоа овој македонски артефакт станува достапен како референца за натамошно истражување низ целиот свет.
Аземи ја доби наградата за новинарство.
Наградата ќе биде врачена на 21 декември во Собранието на Република Македонија.