ПОМПЕО ГО ПОЧНА СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ СО ГРЦИЈА СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

    ПОМПЕО ГО ПОЧНА СТРАТЕШКИОТ ДИЈАЛОГ СО ГРЦИЈА СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПАДржавниот секретар Мајк Помпео и вршителот на должноста министер за надворешни работи на Грција Јорго Катругалос на заедничката прес-конференција во Вашингтон. (Фото: Твитер/Стејт Департмент)

    Американскиот државен секретар Мајк Помпео и вршителот на должноста министер за надворешни работи на Грција Јорго Катругалос синоќа во Вашингтон го почнаа Американско-грчкиот стратешки дијалог и Договорот од Преспа за решавање на спорот за името имал централно место во разговорите, според соопштението од Стејт Департментот.

    Помпео и Катругалос зборувале за Источниот Медитеран и Балканот, „нотирајќи ја заедничката визија за мирен и просперитетен регион и потребата земјите од Западен Балкан да се интегрираат во европските и трансатлантските институции, според изборот на нивните граѓани“.

    „САД ја поздравија лидерската улога и визијата на Грција за промоција на регионалната соработка, меѓу другото и за постигнувањето на Преспанскиот договор со Скопје и работата за негова имплементација“, се вели во соопштението.

    Како што кажа заменикот портпарол на Стејт Департментот Роберт Паладино, на средбата на Помпео и Катругалос, американскиот државен секретар ја потврдил силната поддршка на САД за историскиот Договор од Преспа.

    На 18 декември во Скопје ќе дојде заменикот на Помпео, Џон Саливен, кој според најавата од Стејт Департментот, треба да ги охрабри македонските власти да продолжат со реформите и имплементацијата на Договорот од Преспа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира