ПУТИН ИМ ЗАБРАНИ НА МЕНУВАЧНИЦИТЕ ЈАВНО ДА ГИ ИСТАКНУВААТ КУРСНИТЕ ЛИСТИ, СИМБОЛ НА ЕКОНОМСКАТА СЛОБОДА ШТО ПРОИЗЛЕЗЕ ОД РАСПАДОТ НА СОВЕТСКИ СОЈУЗ

    ПУТИН ИМ ЗАБРАНИ НА МЕНУВАЧНИЦИТЕ ЈАВНО ДА ГИ ИСТАКНУВААТ КУРСНИТЕ ЛИСТИ, СИМБОЛ НА ЕКОНОМСКАТА СЛОБОДА ШТО ПРОИЗЛЕЗЕ ОД РАСПАДОТ НА СОВЕТСКИ СОЈУЗСветлечките знаци на менувачниците со децении имаа функција на масовен медиум и беа показател кога е најдобро да се купуваат долари (Фото: Гети)

    Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон, со кој ќе се измени изгледот на голем број улици низ земјата и ќе се избрише еден од последните симболи на економската слобода, кој произлезе од распадот на Советски Сојуз.

    Новиот закон им забранува на менувачниците јавно да ги истакнуваат курсните листи, пазар кој се либерализираше дури во ноември 1991 година и потоа стана индикатор на хиперинфлацијата во земјата.

    Во периодот кога интернетот сè уште не беше достапен за многумина, светлечките знаци на менувачниците имаа функција на масовен медиум и беа показател кога е најдобро да се купуваат долари, единствената валута во којашто Русите имаа доверба во тоа време.

    Во првата деценија од новиот милениум, менувачниците покажуваа постабилна рубља, што беше знак дека се враќа вербата во националната валута. Како резултат на тоа, во 2006 година, парламентот им забрани на бизнисите да ги врзуваат своите цени за доларот, но менувачниците продолжија да имаат важна улога во животите на обичниот народ.

    Официјално, зад новиот закон стои Централната банка, која сака да им наштети на менувачниците кои не се дел од лиценцирани банки. Според неа, овие ноќни операции опстојуваат само поради тоа што се рекламираат на улица. Но, забраната ќе важи и за банките.

    „Овие знаци се последниот независен национален медиум. Тие ја кажуваат вистината секој ден и затоа ги забрануваат“, вели новинарот Олег Козирев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира