ЗАЕВ ДОСТАВИ ДО СОБРАНИЕТО ПРЕДЛОГ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТРИТЕ БЕЗ РЕСОР ОД ПЦЕР И ОД ПАРТИЈАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕ

    ЗАЕВ ДОСТАВИ ДО СОБРАНИЕТО ПРЕДЛОГ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА МИНИСТРИТЕ БЕЗ РЕСОР ОД ПЦЕР И ОД ПАРТИЈАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ТУРЦИТЕНа место Аксел Ахмедовски (лево), Заев за министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите го предлага Музафер Бајрам, а на место Аднан Ќахил(десно), како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, го предлага Елвин Хасан.(Фото:Влада на РМ)

    Премиерот Зоран Заев му предлага на Собранието да ги разреши од функцијата министри без ресор Аксел Ахмедовски и Аднан Ќахил.

    На место Ахмедовски, Заев за министер без ресор задолжен за имплементацијата на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите го предлага Музафер Бајрам, а на место Аднан Ќахил, како министер без ресор задолжен за странски инвестиции, го предлага Елвин Хасан.

    Елвин Хасан е потпретседател на Партијата за движење на Турците (ТХП) . Роден е на 10 април 1985 година во Штип. Има завршено одделенска настава на Факултетот за образовни науки на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а докторирано во Турција.

    Музафер Бајрам е потпретседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР).

    Роден е во Скопје на 22 октомври 1983 година. Во биграфијата како работно искуство има наведено дека работел во невладини организации и има 8 годишно искуство во областа на правото и формирање на законски легислативи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира