ОРЦЕ КАМЧЕВ И ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕСКИ АПЕЛАЦИЈА ГИ ПУШТИ ОД ПРИТВОР, ОД ШУТКА ЌЕ ЗАМИНАТ ШТОМ ЌЕ ГИ ПРИМАТ РЕШЕНИЈАТА

    ОРЦЕ КАМЧЕВ И ЦВЕТАН ПАНДЕЛЕСКИ АПЕЛАЦИЈА ГИ ПУШТИ ОД ПРИТВОР, ОД ШУТКА ЌЕ ЗАМИНАТ ШТОМ ЌЕ ГИ ПРИМАТ РЕШЕНИЈАТАБизнисменот Орце Камчев понуди досега рекордна сума како гаранција дека нема да бега, од 14.800.000 евра, која ја надминува штетата во досегашната истрага за „Империја“

    Паднаа првите две одлуки притвор во случајот „Империја“, откако денеска на затворена седница, на предлог на специјалната обвинителка Катица Јанева, Апелациониот суд Скопје одлучи од Шутка со парична гаранција да ги пушти Јордан Камчев и Цветан Панделески.

    Двајцата добија поблага мерка, куќен притвор, под засилен полициски надзор.

    Тие моментално се во затворот, треба да ги примат правосилните решенија на Апелациониот суд Скопје, па дури потоа ќе заминат дома за празниците.

    За утре се закажани седници=, и за останатите поднесени жалби против мерката притвор, од Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски. Почнуваат во 9.30 часот во Апелациониот суд Скопје.

    За сите нив Јанева даде мислење дека може да им се ублажи мерката, во куќен притвор.

    Од СЈО најавија дека денеска треба да стаса и позитивното мислење од СЈО за Сашо Мијалков, притворен и дел од осомничените во „Империја“, кој е единствен што се жалел само пред Основниот суд Скопје 1. Таму треба да одлучи сам судија на претходна постапка.

    Утре ќе се одлучува и за Кирил Божиновски и за Миле Јанакиески, кои се притворени како обвинети во „Титаник“ на СЈО. И за нив Јанева препорача куќен притвор.

    Сите имаат понудено парични гаранции. Неспоредлива со  сите е гаранцијата на Орце Камчев од 14.800.000 евра, која е повисока за 3 милиони евра од досега утврдената штета во истрагата за „Империја“

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира