СКИ ЦЕНТАРОТ НИЖЕПОЛЕ ВЕЧЕРВА СО НОЌНО СКИЈАЊЕ ЈА ОТВАРА СЕЗОНАТА, КОПАНКИ ЧЕКА МАКЕДОНИЈА ПАТ ДА ГО ИСЧИСТИ ПАТОТ

    СКИ ЦЕНТАРОТ НИЖЕПОЛЕ ВЕЧЕРВА СО НОЌНО СКИЈАЊЕ ЈА ОТВАРА СЕЗОНАТА, КОПАНКИ ЧЕКА МАКЕДОНИЈА ПАТ ДА ГО ИСЧИСТИ ПАТОТСнежната покривка на Пелистер е 50 сантиметри и од ЈП„Стрежево“, кое стопанисува со ски центарот Нижеполе велат дека очекуваат добра скијачка сезона. (Фото: СДК.МК)

    Скијачкиот центар Нижеполе на Пелистер од вечерва почнува со ноќно скијање. Од јавното претпријатие „Стрежево“, кое стопанисува со скијачкиот центар велат дека ски теренот е подготвен, во функција ќе бидат ставени два ски лифта, има детски парк, 48 клупи за одмор и други реквизити за скијање.

    „Со тоа и официјално почнува скијачката сезона на во ски центарот Нижеполе. Снежната покривка на Пелистер е 50 сантиметри, и очекуваме добар старт на сезоната. Во центарот посетители имаше и во текот на денешниот ден, а патот до скијачкиот центар е исчистен и прооден“, велат од ЈП„Стрежево“.

    Официјален старт на скијачката сезона од утре најави и скијачкиот центар Копанки со кој стопанисува ЕЛЕМ турс, од каде велат дека се обележани скијачките патеки, подготвени се скијачките терани, а во функција ќе бидат ставени и две жичарници со два ски лифта. Работното време на ски центарот е од 9 до 15.30 часот.

    Сезонскиот билет е 4.000 денари, дневниот билет е 300 денари, а тридневниот 600 денари. Билет за едно возење со жичница чини 100 денари, а тридневен пакет аранжман од три полни пансиони во хотел „Молика“ и тридневен ски билет се по цена од 5.500 денари. Од ЕЛЕМ турс велат дека новина од оваа година е можноста за користење снеготапкач по цена од 6.500 денари од час.

    Ски центарот пробно беше пуштен уште денес, а се очекува до крајот на денот ЈП„Македонија пат“ да го исчисти патот што води до ски центарот, за да може до него да се дојде и со автомобили, а не само со џипови.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира