ОХРИД НЕМА ДОВОЛНО ГОЛЕМ КАЗАН ЗА ГОТВЕЊЕ РИБИНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ, ПА ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ОД ШТИП

    ОХРИД НЕМА ДОВОЛНО ГОЛЕМ КАЗАН ЗА ГОТВЕЊЕ РИБИНА ЧОРБА ЗА ДЕНОТ НА РИБАРИТЕ, ПА ЌЕ ГО ДОНЕСЕ ОД ШТИПЧорбата оваа година ќе се прави од морска риба (Фото: СДК.МК)

    За денот на рибарите, што во Охрид се одбележува веднаш по Водици, организаторите ќе носат казан од Штип, бидејќи во градот не може да се најде толку голем казан за да се зготват неколку илјади порции рибина чорба.

    „Казанот за готвење рибина чорба ќе го донесеме од штипско, бидејќи во Охрид нема толку голем сад. Годинава, чорбата ќе се прави од морска риба, а не од охридска плашица или некои други риби кои охриѓани традиционално ги користеле”, ни изјави Љупчо Грданоски, претседател на координативното тело за организирање на празникот Богојавление Водици.

    За Богојавление, во Охрид се очекува да пристигнат голем број гости од земјава и од соседните држави.

    „При крај се подготовките за празникот Богојавление Водици. Како и претходните години, одбележувањето ќе биде во знакот на христијанскиот дух, без придружни забавни манифестации. Јавните претпријатија се активно вклучени во расчистувањето и уредувањето на просторот околу Градскиот плоштад, пристаништето и чаршијата, а од денеска започнува и украсувањето на градот”, изјави в.д. градоначалникот Константин Георгиески.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира