Пред почетокот на судењето за насилствата во Општина Центар и за шамарите за ексградоначалникот Андреј Жерновски што ги нарача избеганиот експремиер Никола Груевски, Миле Јанакиески го праша кообвинетиот Александар Трајковски: „Јадеше гулаш, а?”.
„Јадев бе, зошто да не јадам. Има дана за мегдана”, му одговори Трајковски, кој по бегството на Груевски му беше на гости во Будимпешта.
Царината отвори дисциплинска постапка против него како вработен за неодењето на работа и за приватната посета на азилантот Груевски додека бил на боледување, а истрага спроведува и Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
На денешното рочиште Јанакиески беше донесен од куќен притвор. На Груевски му се суди во отсуство.
Ова е најстариот предмет на СЈО, кој помина низ најмногу блокади, смена на судии, недоаѓања и разболувања на обвинетите, издвојување на постапки.
Се очекува денеска да бидат пуштени бомби за овој случај.
С. К. ДЕЛЕВСКА