ИСЧЕЗНА АВИОНОТ СО КОЈ ЛЕТАЛ НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛЕР НА КАРДИФ ЕМИЛИЈАНО САЛА

    ИСЧЕЗНА АВИОНОТ СО КОЈ ЛЕТАЛ НАЈСКАПИОТ ФУДБАЛЕР НА КАРДИФ ЕМИЛИЈАНО САЛАЕмилијано Сала пред само три дена беше претставен како ново засилување на Кардиф. (Фото: Гети)

    Англискиот премиерлигаш Кардиф сити изрази загриженост за судбината на своето најново засилување Емилијано Сала, откако авионот со кој летал исчезнал некаде меѓу Франција и Велс.

    Дваесет и осумгодишниот аргентински напаѓач во саботата стана најскапиот фудбалер во историјата на Кардиф, откако беше купен од Нант за 15 милиони фунти. Сала оваа сезона беше трет стрелец во француското првенство со 13 погодоци. Се стравува дека тој бил еден од двајцата луѓе во малиот авион „пајпер малибу“, кој исчезнал над Каналските Острови во понеделникот вечер.

    „Чекаме разјаснување за тоа што се случи“, објавија од клубот.

    Авионот го напуштил Нант во 19.15 часот и со него бил изгубен контакт на височина од 700 метри. Потрагата била прекината во два часот по полноќ поради влошени временски услови на морето и намалена видливост.

    „Во периодот кога авионот исчезна, врнеше во таа област, но не многу силно. И ветровите не беа силни, околу 30 километри на час“, изјави британската полиција, додавајќи дека потрагата продолжила утрово.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира