Лифтовите во зградата на Македонската радиотелевизија не работат една недела поради поплава во зградата. Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчевски вели дека во моментов се работи на поправка на лифтовите.
„Имаше поплават во просториите кои ги користи Министерството за внатрешни работи, водата навлезе во лифтовите и затоа се расипани. Екипи работат на поправка, другата недела ќе проработат“, вели Мирчевски.
Во зградата на Македонската телевизија покрај вработените во јавниот сервис, се сместени и дел од државните институции. Вработените, граѓаните и странките мораат пешки да одат и до 18. кат на зградата.
А. АНТЕВСКА