ТУСК НА МАКЕДОНСКИ ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

    ТУСК НА МАКЕДОНСКИ ИМ ЧЕСТИТАШЕ НА ЗАЕВ И ЦИПРАС ЗА РАТИФИКАЦИЈАТА НА ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПАГрчкиот парламент попладнево со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се става крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија. (Твитер/принтскрин)

    Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск на македонски јазик ја честиташе ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент и ги пофали двајцата премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев за успешно завршената мисија.

    „Имаа имагинација, преземаа ризик и беа подготвени да ги жртвуваат своите интереси за поголемо добро. Зоран, Алексис – одлично направено! Невозможната мисија е успешно завршена“, напиша Туск на Твитер.

    Грчкиот парламент попладнево со 153 гласа „за“ го ратификуваше Договорот од Преспа, со кој се става крај на 27-годишниот спор за името помеѓу Грција и Македонија и кој, меѓу другото, предвидува новото име на државата да биде Република Северна Македонија.

    Со ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент се отвора вратата за наше членство во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира