САД И ТАЛИБАНЦИТЕ ДОГОВОРИЈА РАМКА ЗА МИРОВЕН ДОГОВОР СО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА 17 ГОДИНИ ВОЈНА ВО АВГАНИСТАН

    САД И ТАЛИБАНЦИТЕ ДОГОВОРИЈА РАМКА ЗА МИРОВЕН ДОГОВОР СО КОЈ ТРЕБА ДА СЕ СТАВИ КРАЈ НА 17 ГОДИНИ ВОЈНА ВО АВГАНИСТАНВојната во Авганистан е најдолгата во којашто била вклучена американската војска (Фото: Гети)

    Американски и талибански преговарачи договориле работна рамка на мировен договор, со кој треба да се стави крај на 17-годишниот конфликт во Авганистан, изјави главниот преговарач од Вашингтон. Преговорите се одржале во Катар минатата недела и траеле шест дена, но аналитичарите сметаат дека ќе бидат потребни години, пред да се постигне некаков одржлив мировен договор.

    Талибанците досега одбиваа директно да преговараат со авганистанските власти, нарекувајќи ги марионети.

    „Имаме рамка, која треба добро да се изгради пред да стане договор“, изјави Залмај Халилзад, специјалниот американски претставник за помирување со Авганистан.

    САД ги разгледуваат опциите за целосно повлекување од земјата, а за возврат бараат прекин на огнот и ветување од Талибанците дека ќе почнат директни преговори со авганистанската влада. Тие рекоа дека ќе ги почнат преговорите кога ќе го добијат точниот датум на повлекувањето на американските трупи.

    „На наше задоволство, Талибанците ветија дека нема да дозволат Авганистан да стане платформа на дејствување на меѓународни терористи, било поединци, било групи“, додаде Халилзад.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира