„РАЈАНЕР“ СТАНА ЦЕЛОСЕН СОПСТВЕНИК НА АВИОКОМПАНИЈАТА НА НИКИ ЛАУДА

    „РАЈАНЕР“ СТАНА ЦЕЛОСЕН СОПСТВЕНИК НА АВИОКОМПАНИЈАТА НА НИКИ ЛАУДА„Лаудамоушн“ планира да ја зголеми својата флота од 19 на 30 авиони

    „Рајанер“ објави дека ги откупил и преостанатите 25% од акциите на авиокомпанијата основана од Ники Лауда, „Лаудамоушн“. Сумата платена за оваа зделка не беше објавена.

    Легендарниот Формула 1 возач, кој минатата година повторно го купи и го ребрендираше својот авиопревозник, му даде на „Рајанер“ опција да го купи во целост.

    „‘Лаудамоушн‘ сега е во стопроцентна сопственост на ‘Рајанер холдингс‘“, се вели во соопштението на „Лаудамоушн“.

    Оваа компанија има во план значително да порасне до 2021 година, на 7,5 милиони патници и 30 авиони, 11 повеќе од моменталната флота.

    Договорот за последната четвртина од акциите беше постигнат на 31 декември, но не можеше да стапи на сила бидејќи Ники Лауда беше во болница. Тој ќе остане претседател на бордот на „Лаудамоушн“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира