Шестгодишно дете загина во Куманово згмечено од лифт, јавува репортерот на СДК.МК
Несреќата се случила денеска околу 11 часот во зграда на булеварот Трета Македонска бригада каде што живеело детето. Според соседите со кои разговаравме и кои се видно потресени од трагедијата детето било само во лифтот. Најверојатно кога го притиснало копчето раката му се заглавила помеѓу лифтот и окното и го завлекло надолу.
На местото на настанот се екипи на Противпожарната заштита кои се уште се обидуваат да го извлечат телото на детето.