ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ ПАРАЛИЗИРАШЕ ДЕЛОВИ ОД САД, 250 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПОГОДЕНИ ОД РЕКОРДНО НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ

    ПОЛАРНИОТ ВРТЛОГ ПАРАЛИЗИРАШЕ ДЕЛОВИ ОД САД, 250 МИЛИОНИ ЛУЃЕ ПОГОДЕНИ ОД РЕКОРДНО НИСКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИВо Чикаго се измерени најниските температури во историјата, пониски од досегашниот рекорд во 1985 (Фото: УГЦ)

    Градовите низ американскиот среден запад се парализирани од ударот на арктички студ, предизвикан од таканаречениот поларен вртлог. Најмалку осум луѓе починаа како последица на студеното време, откако температурите паднаа до -30 Целзиусови степени во Чикаго, што е постудено од делови на Антарктик, а во Северна Дакота се измерени -37.

    Метеоролозите најавуваат дека студот од денеска ќе почне да попушта (Фото: АП)

    Смрзнувачкото време ќе го почувствуваат 250 милиони Американци, а 90 милиони ќе искусат температури од најмалку -17 степени.

    Снегот продолжи да паѓа и вчера и вонредна состојба е прогласена за сојузните држави Висконсин, Мичиген и Илиноис, па дури и за вообичаено потоплите Мисисипи и Алабама. Метеоролозите предвидуваат дека времето од денеска ќе почне да попушта, иако во некои делови ќе останат рекордно ниски температури.

    Националната метеоролошка служба ги предупреди луѓето дека можат да добијат смрзнатини по само десет минути изложеност на вака екстремните температури. Во Северна Дакота, се чувствуваат -54 степени поради студените ветрови.

    Овој студ се должи на поделбата во поларниот вртлог, маса на студен воздух, што вообичаено останува да кружи околу Северниот Пол. Ова предизвика Чикаго да биде постудено од канадското село Алерт, едно од најсеверните ненаселени места на светот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира