САМО АКО ИМА 61 ПРАТЕНИК ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО СТАВАМ БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ НА ДНЕВЕН РЕД, КАЖА ЏАФЕРИ

    САМО АКО ИМА 61 ПРАТЕНИК ЗА РАСПУШТАЊЕ НА СОБРАНИЕТО ЌЕ ГО СТАВАМ БАРАЊЕТО НА ВМРО-ДПМНЕ НА ДНЕВЕН РЕД, КАЖА ЏАФЕРИЏафери е против распишување и на предвремени парламентарни избори, заедно со претседателските. - Од денешниот брифинг на претседателот на Собранието Талат Џафери (Фото: СДК.МК)

    Само доколку партиите се договорат да има 61 пратеник кои ќе го поддржат барањето за распуштање на Собранието и распишување парламентарни избори и Пржинска влада, само во тој случај ќе биде ставено барањето на ВМРО-ДПМНЕ на дневен ред во Собранието, рече претседателот на Собранието Талат Џафери на денешниот редовен брифинг со новинарите.

    „Јас не планирам да правам дополнителни трошоци за седница на која само ќе се расправа, а нема да има гласови да се прифати иницијативата“, кажа Џафери.

    Тој потврди дека на 8 февруари ќе ги распише редовните претседателски избори кои треба да се одржат на 21 април и 5 мај.

    Џафери е против распишување и на предвремени парламентарни избори, бидејќи, како што кажа, Собранието има преземено обврски кои мора да ги заврши.

    На прашање дали ако нема цензус на претседателските избори ќе ја преземе претседателската функција додека не се избере нов претседател, Џафери рече дека тоа е предвидено со закон и Устав и дека нови избори се распишуваат по 6 месеци.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира