Илјадници деца во Белгија не отидоа на училиште и место тоа, се придружија на протестот, на кој се бара поконкретна акција против климатски промени. За време на маршот во Брисел, што се одржа четврта недела по ред, десетици млади организираа и посебен протест пред куќата на белгискиот министер за екологија.
Ученици од основни и средни училишта поминаа низ центарот на Брисел и се проценува дека последниот протест привлекол 35.000 луѓе.
„Марширам затоа што верувам дека треба да се чуе гласот на млади луѓе. Сите овдека сме дојдени за иста цел, а тоа е подобра планета. Имаме четворица министри, а немаме политика за климата, тоа е тажно“, изјави 12-годишниот Исидор Фласенрот.
Протестите добија голем поттик, откако со отворено писмо беа поддржани од 3.450 белгиски научници, кои велат дека активистите се целосно во право.
Маршеви на младите во исто време се одржаа во Франција, Германија и Швајцарија, како и во други белгиски градови.