Мати Никенен, кого многумина го сметаат за најдобриот ски скокач на сите времиња, почина денеска на 55 години.
Роден во 1963, легендарниот Финец доминираше во овој спорт во поголемиот дел од 1980-ите и е единствениот ски скокач во историјата кој победил на сите пет големи натпреварувања: Олимписки игри (три злата), светско првенство во ски скокови (едно), светско првенство во ски летови (едно), Светски куп (четири глобуси) и новогодишната турнеја Четири скокалници (двапати).
Првото олимписко злато го освои во Сараево во 1984, а четири години подоцна во Калгари стана двократен олимписки првак и ѝ помогна на Финска да триумфира во тимскиот настан.
По завршувањето на кариерата неговото име често можеше да се види во таблоидите поради проблематичниот приватен живот, обележан со борбата со алкохолизмот и со насилни инциденти. Се женеше пет пати, сними три албуми како пејач и неколку пати беше апсен. Во 2004 година беше осуден на 26 месеци затвор откако избоде маж во една пицерија, а беше затворан и поради случаи на семејно насилство.
Минатото лето, Никенен објави дека боледува од дијабетес.