Советниците на Советот на Општина Охрид денес требаше да расправаат и по точката за легализација на објекти во комплексот Градиште кај Охрид, но по силните реакции во охридската јавност таа беше повлечена од дневниот ред. Најавено е дека повторно ќе се чешла документацијата за овој атрактивен дел од источното охридско крајбрежје.
Ваквата одлука дојде и по острите реакции на охридски екологисти, како и на семејства кои велат дека кај Градиште имаат свој имот кој им бил национализиран во време на бившата држава. Близу 70 семејства бараат да им биде вратена земја која била национализирана. Тие веќе две децении безуспешно се борат да им се вратат имотите.
Од локалната власт не дадоа конкретен договор дали овие точки повторно ќе бидат ставени на дневен ред на некоја наредна седница на Советот.
Д. ЧУБРИЌ