НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ЧИНИ МЕЃУ 430 И 480 МИЛИОНИ ЕВРА, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕ

    НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЌЕ ЧИНИ МЕЃУ 430 И 480 МИЛИОНИ ЕВРА, ИЗГРАДБАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА, ВЕЛИ ФИЛИПЧЕНаредните неколку недели ќе се знае како ќе се финансира изградбата на новиот клинички центар, односно Министерството за здравство и Министерството за финансии заедно со странски банки ќе бараат начин на кредитирање. (Фото: СДК.МК)

    Изградбата на новиот клинички центар ќе чини меѓу 430 и 480 милиони евра и бараме начин на кредитирање, вели министерот за здравство Венко Филипче.

    Тој кажа дека за изградба на клиничкиот центар имаат веќе изготвено физибилити студија и дека заедно со Министерството за финансии и со странски банки ќе бараат начин за кредитирање.

    „Владата на вчерашната седница ја донесе одлуката за локацијата за новиот клинички центар и таа ќе биде во Ѓорче Петров. Во Министерството за здравство беше формирана мултисекторска група, која ги спореди локациите во Ѓорче Петров, Злокуќани и во Петровец, кои што стигнаа како иницијативи, дополнително на оваа веќе утврдена локација во Генералниот урбанистички план во Злокуќани. Се разви методологија и се одлучи заради брзината за обезбедување на потребната документацијата за изградба и заради цената. Во Злокуќани околу 49 до 50 отсто од земјиштето е веќе изградено и експропријацијата на земјиштето ќе чинеше околу 100 милиони евра, што сметам дека е неприфатливо“, рече Филипче.

    Според него во наредните неколку недели ќе има информација како ќе се финансира изградбата на клиничкиот центар.

    „Искрено верувам дека до крајот на годината ќе почнеме со градбата“, вели Филипче.

    Е. БОЧВАРОСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира