Нина Костовска од Тетово, која јавноста пред две години ја запозна преку видеото од кампањата „Како ќе реагирате ако ве служи фармацевтски техничар со Даунов синдром?“, ќе работи како библиотекарка во библиотеката на Владата. На вчерашната средба со премиерот Зоран Заев таа ја прифатила понудата да биде ангажирана времено, соопшти Владата.
- МОЖЕМЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ШТО СЕ МИСЛИ, ВЕЛИ НИНА КОСТОВСКА, ДЕВОЈКАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ КОЈА ДИПЛОМИРАШЕ
- ЛЕКАРИТЕ МЕ ОТПИШАА, А ЈАС СЕГА ОБУЧУВАМ УЧИТЕЛКИ ДА РАБОТАТ СО ДЕЦА СО ПРЕЧКИ ВО РАЗВОЈОТ, ВЕЛИ НИНА ОД КАМПАЊАТА НА УНИЦЕФ
- НЕ СИ ГИ КРИЈТЕ ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ, ВЕЛИ НИНА, ДЕВОЈКАТА ОД КАМПАЊАТА НА УНИЦЕФ
Нина пред две години учествуваше во видео кампањата на Европската Унија и УНИЦЕФ „Биди фер – за детство без пречки“, со која сакаше да покаже дека и лицата со пречки во развојот се способни и може да придонесат за општеството. Таа во меѓувреме дипломираше македонски јазик и книжевност на Државниот универзитет во Тетово и учествуваше на неколку работилници во кои обучуваше учителки и наставнички како да работат со дете со пречки во развојот.
Нина вели дека е благодарна што Владата ѝ излегла во пресрет и што различностите не ги гледаат како пречка. Таа е пресреќна што ќе може да покаже дека може да биде дел од општетсвото и се надева оти и останатите институции и компании ќе го следат овој пример.
Е. БОЧВАРОСКА