ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕА НИКАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ, КАДЕ ДА ОДАТ ОВИЕ ЛУЃЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТА

    ЧЛЕНОВИТЕ НА СДСМ 10 ГОДИНИ НЕ МОЖЕА НИКАДЕ ДА СЕ ВРАБОТАТ, КАДЕ ДА ОДАТ ОВИЕ ЛУЃЕ, КАЖА МИНИСТЕРОТ МАНЧЕВСКИ ЗА ВРАБОТУВАЊАТА ВО АДМИНИСТРАЦИЈАТАМинистерот Дамјан Манчевски на владина седница (Фото: Влада)

    Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски кажа дека членовите и симпатизерите на СДСМ 10 години биле најдискриминирани граѓани во државата и не треба да биде чудно што сега се вработуваат во јавни институции. Манчевски додаде дека Антикорупциската комисија треба да провери дали во новите вработувања има и непотизам и судир на интереси.

    „Денеска е чудно што било кој симпатизер на оваа власт се вработува и во јавни институции. 10 години на сите членови на СДСМ им беше забрането да се вработуваат во јавен и приватен сектор. Каде да одат овие луѓе, треба да ја напуштат државата. Сега има Антикорупциска комисија и сето она за што се смета дека е проблематично треба да се поднесе претставка и да се одлучува по неа“, кажа Манчевски, одговарајќи на новинарско прашање околу вработувањата во администрацијата на луѓе блиски до владини функционери.

    Манчевски и министерката за правда Рената Дескоска денеска потпишаа меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира