СКОПСКИОТ МАРАТОН ПРЕМЕСТЕН НА 4 МАЈ ЗА ДА НЕ СЕ СОВПАДНЕ СО ИЗБОРИТЕ

    СКОПСКИОТ МАРАТОН ПРЕМЕСТЕН НА 4 МАЈ ЗА ДА НЕ СЕ СОВПАДНЕ СО ИЗБОРИТЕТерминот на 15. Скопски маратон беше одреден една година однапред (Фото: СДК.МК)

    Визер ер Скопскиот маратон за првпат ќе се трча во сабота, откако организаторите беа принудени да го поместат терминот поради претседателските избори.

    Место на 5 мај, маратонот ќе се одржи ден порано, за да не се совпадне со изборите.

    „Датумот на маратонот секогаш го одредуваме една година однапред, што е една од нашите обврски кон меѓународните асоцијации ИААФ и АИМС. Оттука, не можевме да предвидиме дека на денот на одржувањето на 15. Виз ер Скопски маратон можат да се одржат и избори во државата. Затоа одлучивме да го преместиме маратонот еден ден порано. Пријавувањето е отворено уште од 15 септември 2018 и оваа мерка можеби нема да им се допадне на некои од досега пријавените учесници, особено од странство, но се надеваме дека ќе наидеме на разбирање“, изјави Кире Синадиновски, спортскиот директор на Виз ер Скопски маратон.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира