ТРАМП ПОВИКА НА ОДМАЗДА И ИСТРАГА ПРОТИВ КОМИЧНОТО ШОУ „САБОТА ВЕЧЕР ВО ЖИВО“

    ТРАМП ПОВИКА НА ОДМАЗДА И ИСТРАГА ПРОТИВ КОМИЧНОТО ШОУ „САБОТА ВЕЧЕР ВО ЖИВО“Алек Болдвин во последната епизода на шоуто направи пародија од прес-конференцијата, на којашто Трамп прогласи вонредна состојба (Фото: Ен-Би-Си)

    Доналд Трамп го обвини популарното комично шоу „Сабота вечер во живо“ дека е платено да ги напаѓа само републиканците и повика на одмазда и истрага откако уште еднаш беше исмеан од Алек Болдвин.

    Тој ја репризираше својата популарна имитација на американскиот претседател во последната епизода на шоуто и овојпат направи пародија од прес-конференцијата на којашто Трамп прогласи вонредна состојба заради изградба на ѕид долж границата со Мексико.

    „Ни треба ѕид. Огромни количества дрога ја преминуваат јужната граница, односно кафеава линија, како што многу луѓе ми кажаа да не ја викам. Дрогите влегуваат во нашата земја без ѕидот. Ѕидовите ќе нѐ направат побезбедни“, вели Болдвин во скечот.

    Неимпресиониран од имитацијата на Болдвин, Трамп се огласи на Твитер и кажа дека „нема ништо смешно во ‘Сабота вечер во живо‘ на лажната телевизија Ен-Би-Си“.

    „Прашање е како ова може да помине без одмазда. Тоа е многу некоректно и треба да се истражи“, напиша Трамп на Твитер.

    На твитот на Трамп реагираше и Болдвин, прашувајќи дали тој претставува закана по него.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира