УАПСЕНИ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ И СПИРЕ РИСТОВСКИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, ОСОМНИЧЕНИ И ИЗБЕГАНИТЕ ГРУЕВСКИ И БОШКОСКИ

    УАПСЕНИ ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ И СПИРЕ РИСТОВСКИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО НА 27 АПРИЛ, ОСОМНИЧЕНИ И ИЗБЕГАНИТЕ ГРУЕВСКИ И БОШКОСКИТрајко Вељаноски е уапсен под сомневање за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. (Фото: СДК.МК)

    По наредба на Обвинителството за организиран криминал и корупција, уапсен е поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски под сомневање за сторено кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, но и уште две лица: С.Р.(Спире Ристовски), М.Ј. (Миле Јанакиески), а осомничен е и избеганиот во Грција Н.Б. (Никола Бошкоски). Владимир Атанасовски, поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање веќе е во притвор како осомничен организатор и нарачател на нападот на Собранието на 27 април 2017 година.

    Во истрагата за организација, планирање и нарачка на крвавиот напад засега има шест лица. Осомничен е и Никола Груевски, но тој е во бегство, односно доби азил во Унгарија.

    Уапсените лица се изведени пред судија на претходна постапка.

    Според обвинителството, и Владимир Атанасовски кој е притворен за друго кривично дело, ќе биде осомничен за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, по член 313 од Кривичниот законик.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира