Пациент од Ресен, кој претходно имал операција во приватна здравствена установа по што добил сепса, почина синоќа во Градската општа болница „8 Септември“. Станува збор за 39-годишен маж, а случајот го испитува Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
„Пациентот е донесен вчераутро во 11 часот во септичен шок, но и покрај пружената помош организмот бил премногу интоксициран и не можевме многу да направиме и за жал тој почина“, вели д-р Кристијан Костов, директор на „8 Септември“.
Директорката на Државниот санитарен и здравствен испекторат вели Ирина Сотирова-Бухова вели дека во моментов се врши надзор за случајот.
„Се испитува патеката на лекување на починатиот пациент во сите приватни и јавни здравствени установи. Кога ќе заврши наодот ќе излеземе со подетални информации“, вели Ирина Сотирова-Бухова.
Е. БОЧВАРОСКА