ВОЈСКАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА ГИ ЗАПАЛИ КАМИОНИТЕ СО ХУМАНИТАРНА ПОМОШ, НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ЗАГИНАТИ

    ВОЈСКАТА НА ВЕНЕЦУЕЛА ГИ ЗАПАЛИ КАМИОНИТЕ СО ХУМАНИТАРНА ПОМОШ, НАЈМАЛКУ ЧЕТИРИ ЗАГИНАТИВојската ја блокираше границата со Бразил со цел да се спречи влегувањето на помошта (Фото: АП)

    Најмалку четири луѓе се убиени, а стотици се повредени во насилствата во пограничните региони на Венецуела, откако опозициските активисти се обидоа да ѝ се спротивстават на владината забрана и да внесат хуманитарна помош од Бразил и Колумбија. Три камиони со хуманитарна помош беа запалени кога се доближија кон првата контролна точка на мостот Сантандер што ги поврзува Колумбија и Венецуела, при што се повредени околу 285 лица. Камиони биле спречени да влезат и во Бразил.

    По неуспешниот обид да се пробијат блокадите, опозицискиот лидер и самопрогласен привремен претседател Хуан Гуадио кажа дека борбата ќе продолжи и тој утре ќе отпатува за Богота за да се сретне со американскиот потпретседател Мајк Пенс и со регионални лидери.

    „Мора да ги задржиме сите опции кои ќе помогнат во ослободувањето на нашата земја“, кажа Гуаидо.

    Војската употреби солзавец и гумени куршуми против демонстрантите кои се обидоа да соберат и превезат залихи храна и лекови, додека групи за човекови права тврдат дека голем број луѓе се повредени од боева муниција.

    Гуаидо не успеа во наканите да ја наговори војската да го положи оружјето, но најмалку 60 војници ги напуштија своите позиции и преминаа во Колумбија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира