Илјадници риби завршија на суво во Шемшија по огромните бранови на брегот на Малта и дел од возачите побрзаа да ги соберат, веројатно за јадење. Неколку видеа беа објавени денеска на социјалните мрежи со риби на улиците на Шемшија додека дува силен ветар.
„Изгледа дека некоја од фармите за риби попуштила и стотици риби се насукаа на брегот и луѓето ги собираа од среде улица. Неверојатно“, напиша очевидец на Фејсбук.
Големи бранови го погодија југоисточниот дел на островот, предизвикувајќи хаос во заливите Сент Џулијан и Сент Пол.