„АЛКАЛОИД“ СО РАСТ ОД 8% ВО 2018, ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 26%

    „АЛКАЛОИД“ СО РАСТ ОД 8% ВО 2018, ИНВЕСТИЦИИТЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 26%Извозот на компанијата лани е зголемен за 10% и за првпат беше надминат износ од 100 милиони евра. - Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ (Фото: СДК.МК)

    „Алкалоид АД Скопје“ објави дека остварил значителни позитивни финансиски резултати во периодот јануари-декември 2018.

    Според неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, продажбите изнесуваат 7.506.114.294 денари, што е 8% повеќе во споредба со истиот период лани, а добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација е 1.478.890.871 денари, што е зголемување од околу 13%. Единечната нето добивка изнесува 848.199.257 денари и таа е зголемена за 11%.

    Вкупните консолидирани продажби, од кои 63% отпаѓаат на странски пазари, достигнуваат 9.783.285.973 денари, 8% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Притоа, извозот на компанијата е зголемен за 10% и за првпат беше надминат износ од 100 милиони евра. Најзабележителен раст на извозот е остварен во Унгарија, Полска и Украина.

    Гледано по групи на производи, најголемо учество во продажбите заземаат производите од сегментот Фармација (85%), па следуваат ОТЦ препарати (22%), кардиолошки препарати (17%) и антибиотици (14%).

    Консолидираната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација, која достигнува 1.555.516.762 денари, бележи раст од 10%, додека нето консолидираната добивка во износ од 862.410.928 денари е зголемена за 7%.

    Вкупните инвестиции во основни средства изнесуваат 1,1 милијарда денари, што претставува зголемување за 26%. Во ист период, во „Алкалоид“ се реализирани 212 нови вработувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира